четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 123
home Економија

Вредноста на биткоинот го урна овогодишниот рекорд

Вредноста на биткоинот го урна овогодишниот рекорд

Цената на биткоинот надминала 9000 долари во неделата, под влијание на извештаите дека Фејсбук наскоро ќе покрене сопствена криптовалута.

Вредноста на биткоинот во изминатите 24 часа достигнала ниво од дури 9381,82 долари, според ценовниот индекс CoinDesk, пренесе CNBC, и потсетува дека последен пат кога биткоинот достигнал цена од 9 000 долари било во мај 2018 година.

Од почетокот на тековната година, вредноста на оваа дигитална валута скокнала за 140 отсто. Биткоинот, меѓутоа денес забележал благ пад од 1,5 отсто, на 9 157,59 долари.

На скокот од криптовалутите влијаела веста дека Фејсбук наводно веќе утре ќе лансира сопствен крипто токен, додека неколку медиуми пренесоа дека вработените во таа компанија ќе можат да примаат плата во новата валута.

Биткоинот направи воодушевувачки пресврт во оваа година, по тешката 2018 кога за таа валута е регистриран пад од преку 70 отсто.

Експертите тврдат дека вклучување на големите компании, како Фејсбук и AT&T, во крипто просторот им помага подигање на довербата бидејќи дава одреден степен на легитимност на таа индустрија која долго ја оптеретуваат приказната за илегални активности, шпекулатувна трговија и регулаторна контрола. AT&T минатиот месец соопштил дека ќе почне да прифаќа крипто плаќања низ партнерство со БитПеј.