вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Економија

„Во времето кога Мицкоски беше советник и директор цената на струјата поевтини, додека со СДСМ досега поскапи за 32%“ (ДОКУМЕНТИ)

„Во времето кога Мицкоски беше советник и директор цената на струјата поевтини, додека со СДСМ досега поскапи за 32%“ (ДОКУМЕНТИ)

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение до јавноста во врска со цената на струја во времето кога Мицкоски беше советник и дирекот и цената на струјата во време на СДСМ кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:

Денес повторно СДСМ продолжува со невистини и лаги да обвинува во режимски стил, дека Мицкоски ја покачил цената на струјата. А сега малку за вистината:

– Христијан Мицкоски е именуван за советник на тогашниот премиер Никола Груевски, Април/2015 година . Цената на струјата за граѓаните беше 4,47 ден/kwh .

 

– Христијан Мицкоски именуван за генерален директор на ЕЛЕМ со одлука на влада, Септември/ 2016 година.
– Разрешен од генерален директор на влада, Август/2017 година. Цената на струјата за граѓаните беше 4,45 ден/kwh .

– Цената на струјата за граѓаните согласно одлуката на регулаторна комисија за енергетика од 31/Декември/2021 година е 5,87 ден/kwh .

ЗАКЛУЧОК: Откако Мицкоски е именуван за советник во Април/2015 година, до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поефтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а денес граѓаните плаќаат 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога Мицкоски беше разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ.

СДСМ мислат дека со методот, 100 пати повторена лага станува вистина, ќе го потценуваат народот дека има кратко помнење и така ќе ги сокријат криминалот и неспособноста.

Зошто ли вака владеачката партија безочно лаже? Одговорот е едноставен. За да создадат димна завеса и не се збори за актуелното покачување на цената на струјата кое е над 15 проценти, плус последното зголемување на цената на струјата што се случи нешто повеќе од пред една година.

На крајот кој за што се залага ќе се види следниот први во месецот кога граѓаните, над 2 милиони граѓани во своите домови ќе добијат покачена сметка за струја, како и огромен број на семејства покачена сметка за парното греење. И секој еден граѓанин треба да знае дека повисоката сметка за струја е само затоа што структурите на власта печеалеа криминално на грбот на народот кој сега треба да го плати цехот. А притоа никој од оние министри кои постојано говорат за наводна поддршка на владата, никој од нив не говори за инфлацијата, повисоките цени во маркетите, а ниските плати… со вакви економски резултати, тешко на напатениот народ кој едвај крпи до први во месецот.

П.С. И денес половина главен град нема парно греење.

 

 

 

 

Најнови вести

Коронавирус