петок, 18. септември 2020. Вести денес: 150
home Економија

Во петок во Скопје нов протест против поскапувањето на струјата

Во петок во Скопје нов протест против поскапувањето на струјата

Овој петок со почеток од 18 часот, во паркот Чаир е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира се до Влада.

„Бараме доброволци од сите населени места во Скопје и околина да се пријават во советот на протестот за да заедно организираме и што повеќе да ја мобилизараме масата за масовен протест. Доброволците треба да се јават, да ги остават своите лични податоци како и населеното место и контакт телефонот“, стои во најавата за протестот.

Коронавирус