четврток, 8. јуни 2023. Вести денес: 1
home Економија

Во најава нови задолжувања- Само по основ на камати и главнини државата до крај на година треба да врати над 144 милиони евра

Во најава нови задолжувања- Само по основ на камати и главнини државата до крај на година треба да врати над 144 милиони евра

Владата и Министерството за финансии до крај на годината треба по основ на камати и главнини да врати долг од 8 милијарди и 860 милиони денари, односно нешто над 144 милиони евра.

Од оваа сума 139 милиони евра се долгови и камати направени од оваа власт додека од претходната владејачка гарнитура се останати за плаќање околу 5 милиони евра, што може и да се види од табелата објавена на сајтот на Министерството за финансии.

Владата и Министерството за финансии овие долгови ги сервисираат преку нови задолжувања.

Дополнително, реализацијата на капиталните проекти изнесува очајни 28,16% заклучно со август што според економистите е катастрофална бројка токму поради фактот што задолжувањата се огромни додека капиталните инвестиции се на очајно ниво и се поставува прашањето на што се трошат позајмените пари.

Ова според експертите исто така има негативно влијание врз градежништвото кое е во континуиран пад, а кое е тесно поврзано со растот на БДП бидејќи градежништвото е главен учесник во градењето на БДП. Со вакви економски параметри познавачите сметаат дека тешко ќе се исполни овогодинешната проекција за БДП.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и дека јавниот долг нема да расте но податоците го покажуваат сосема спротивното .