четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 33
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Во чии џебови одат субвенциите за обновливи извори на енергија и колку тие ќе ја поскапат цената на електричната енергија?

Во чии џебови одат субвенциите за обновливи извори на енергија и колку тие ќе ја поскапат цената на електричната енергија?

Според последните анализи базирани на редовните извештаи на Регулаторната комисија за енергетика, за субвенционирањето на обновливите извори годишно се трошат неколку десетици милиони евра, а тоа е само 2,5% од вкупната произведена електрична енергија во земјата. Се разбира и врапчињата веќе знаат дека најголем дел од овие пари ќе завршат во џебот на „електро- олигарсите“ на СДСМ, но сепак голем дел од луѓето не знаат дека субвенциите за зелената електрична енергија ги плаќаат самите преку месечните сметки за електрична енергија. Ова значи дека секоја промена на инсталираните моќности од обновливи извори,може да предизвика поскапување на сметките за електрична енергија.

Само довчерашниот вицепремиер Кочо Анѓушев преку неколку различни компании поседува околу една третина од сите мали хидроцентрали во Македонија и само во 2018 година од субвенциите за обновлива енергија неговите фирми имале околу 3,5 милиони евра приходи. Во наредниот период се очекува со новоизградените мали хидроцентрали оваа сума да достигне до 4,3 милиони евра.

Ова значи дека секое семејство ќе одвојува по близу 500 ден годишно или секој граѓанин по околу 180 денари за субвенционирање на неговите бизниси. Со други зборови може слободно да се каже дека во изминатите 10 години секое семејство за оваа намена потрошило безмалку по 100 евра.

Иако СДСМ во својата изборна програма ветуваше обновлива енергија за секого и законско олеснувањеза изградба на фотоволтаични централи на секој покрив, сепак ништо не излезе онака како што очекуваа граѓаните.

Иако наогромен број помали стопанственици пред изборите им се ветуваа квоти за изградба на сончеви централи низ целата држава, сепак ништо не се случи онака како што очекуваа бизнисмените.

Во изминатиот период на владеење на СДСМ, премиерот и вицепремиерот на сите можни медиуми повторуваа дека транспарентно ќе се доделуваат концесии за изградба на фотоволтаици, а во меѓувреме си ги поделија меѓу себе најубавите концесии за триесетина мали хидроцентрали и за три нови ветерни електрани, додека пак концесиите за фотоволтаици на „транспарентен“ начин завршија кај олигархијата на СДСМ.

Со објавата на тендерот за 35 MW фотоволтаици, кој што неколку месеци се подготвуваше и беше во центарот на медиумското внимание, се замајуваше јавноста и се смируваше сопственото членство, а се залажуваа голем број на заинтересирани компании.

Паралелно на ова по провладините медиуми постојано се повторуваше дека со новиот Закон за енергетика и подзаконските акти, ќе се воведе третиот пакет препораки и ќе се заштитат граѓаните од повисоки сметки.

Додека низ медиумите се презентираше овој филм, сдсмовските олигарси во позадина го подготвија теренот за изградба на повеќе од триесетина мали хидроцентрали и  за три големи ветерни паркови.

За разлика од кај нас современите држави функционираат со однапред определена стратегија. Во развиените европски земји на големите и средните компании им се дава шанса да инвестираат во големи ветерни фарми и хидроцентрали, на малите компании им е отстапен сегментот за изградба на малихидроцентрали, а на обичните граѓани и најмалите фирми им е дозволено да си изградат фотоволтаици на покривите,или да изградат микро хидроцентрали, самите да си произведуваат ЕЕ за сопствени потреби и да ја поткрепат електричната мрежа со дистрибуираното производството. Големите држави имаат сериозна стратегија да ги задоволат потребите за инвестирање на сите слоеви на општеството од најбогатите до најсиромашните.

Компаниите кои што имаат капитал да можат да го инвестираат и да го оплодат, да создадат простор за нови инвестиции и да отворат нови работни места. Средните и малите компании да се развиваат успешно со сериозни инвестиции на долг рок. Додека пак обичните граѓани да ги намалат сопствените трошоци за живеење и да имаат побезгрижен живот.

Само во Македонија сите сегменти од енергетиката се отстапени на неколку политичари и олигарси од СДСМ.

Долго време преку медиумите во Македонија се продаваше приказната дека вицепремиерот има неколку „мали ХЕЦ“ а за останатите бизнисмени и обичната раја ќе останат да поделат „огромни“ 35 МW фотоволтаици.

Колку и  дали се мали „малите ХЕЦ“ на Анѓушев говори фактот дека годишно имаат приход од огромни 3,5 милиони евра.

Откако вицепремиерот ја најави својата оставка на неколку дена пред Новата година, во неговото последно интервју изјави дека цената на електричната енергија мора да поскапи. По оваа изјава, надежта дека нешто ќе се подобри во енергетиката згасна.

Со последните неколку набрзина доделени концесии за три ветерни паркови на приватни инвеститори со нејасна сопственичка структура и сомнителен капитал ќе имаме нови 100 MW инсталирана  ветерна моќност. Во изминатиот период се доделија и дополнителни 30 MW нови мали хидроцентрали, а ако на ова се додадат и 35 MW на фотоволтаици кои се поделија помеѓу елитата на СДСМ на „транспарентен“ начин, доаѓаме до бројка од околу 160 МW нови обновливи извори.

За овие нови обновливи извори ќе бидат потребни дополнителни 40 милиони евра годишно за субвенции, а тоа значи дека со самото доделување на овие концесии владата на СДСМ неофицијално веќе ја поскапи цената на електричната енергија за наредниот период.

Ако овде се земат предвид и трошоците за балансна одговорност кои „зелените“ не се обврзани да ги плаќаат овие суми може да бидат и значително поголеми.

Одовде многу лесно може да се пресмета дека секое семејство во Македонија во наредните годиниза субвенционирање на зелената енергија ќе одвојува дополнителни 70 евра годишно кои ќе завршат во приватни џебови.

Со новите концесии секое семејство ќе донира вкупно околу 80-тина евра годишно за олигархијата на СДСМ.

И додека во сите Европски земји владите имаат стратегија за соодветна распределба на приватниот капитал кој се инвестира во енергетиката, во Македонија за две години власта успеа да го подели енергетскиот колач меѓу неколку политичари и неколку олигарси.

Одовде за обичниот граѓанин се поставуваат неколу важни прашања:

Дали сиромашна држава како Македонија треба да се расфрла со пари за слепо следење на трендови и субвенционирање на енергетските бизниси на олигарсите?

Дали ќе се разбуди народот на кој полек,а но сигурно му се сервира комплетна приватизација на производството на електрична енергија?

Дали е мал бизнис, бизнисот со „мали ХЕЦ“ кој носи 4,3 мил евра годишно приход, без големи ангажмани и ризици и дали е реално со 20-тина вработени да се заработат такви пари? Колкаво производство, колкав ангажман, колкави ризици и колку вработени им се потребни на менаџери во други производни гранки во Македонија да остварат ваков приход?

Дали е дојдено времето во иднина да се намалат или укинат субвенционираните тарифи или да се воведе оданочување на сметка на овие профитери кои се богатат на грбот на обичните граѓани?

Дали новата Стратегија за енергетика ќе ги доосиромаши македонските граѓани или пак ќе ги доизбрка од родните огништа?

Во чии џебови одат субвенциите за обновливите извори на енергија?

 

 

Анализа на Стевче Антовски, дипл.ел.инж.