вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 133
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за половина година не успеа да реализира ниту една четвртина од предвидените капитални инвестиции

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за половина година не успеа да реализира ниту една четвртина од предвидените капитални инвестиции

СДСМ покажа што значи класична неработа. За половина година не успеале да реализираат ниту една четвртина од годишно планираните капитални инвестиции, посочува ВМРО-ДПМНЕ.

„Закочена е изградбата на гасоводите, автопатот Кичево – Охрид кој го почна претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и уште стои во фаза на изградба како пред 3 години, експресните патишта кои беа испланирани и проектирани одамна и до сега со ВМРО-ДПМНЕ ќе беа завршени

Македонија со СДСМ стагнира. Ниво на реализација од 22.51% е срамно и доказ за класична неспособност.

Половина година Македонија не се гради ништо, развојот на државата е закочен.

На Зоран Заев поважно му беше да го реализира предизборниот поткуп, наместо да се фати за работа.

СДСМ се впушти во купување на гласови, наместо на градење, и тоа ни се случува три години по ред. Откако е СДСМ на власт нивото на реализација на капитални инвестиции за цела година е околу 60%.

СДСМ не се способни да ја придвижат државата напред и да генерираат раст и развој,“ потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. .

Коронавирус