недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 95
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно манипулира со македонските земјоделци, зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ повторно манипулира со македонските земјоделци, зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ

СДСМ повторно манипулира со македонските земјоделци.  Зелената нафта е уште едно „ЌЕ“ ветување на криминогената власт на СДСМ. Ветуваа дека земјоделците ќе ја добијат веднаш, но еве речиси по две години се уште не е реализирано. Власта воопшто не се грижи што земјоделците имаат зголемени трошоци заради порастот на дизелот, и се уште си поигрува со нивната мака манипулирајќи дека зелената нафта ќе ја добијат следната година, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ повторно ги лаже земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции.

Додаваат дека реалноста дека СДСМ ја прави истата манипулација како лани, односно  со предложениот буџет  од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку.

-Вложувањето на 5 милиони евра за капитални проекти во водостопанството, не само што е уште една голема лага туку, сумата е четирикратно помала од таа која ја проектираше ВМРО-ДПМНЕ кога беше проектирано да се вложат 200 милиони евра во наредните 10 години односно по 20 милиони годишно. СДСМ пред да дојде на власт ветуваа чуда во земјоделието, организиран и сигурен откуп, повисоки цени и нови пазари, но наместо тоа донесоа беда за земјоделците. Оваа година видовме што значи СДСМ и што значи трудот  на земјоделецот да не е вреднуван. Како и на секое поле во државата така и во земјоделието се случува вистински пустош, потенцираат од партијата од каде подвлекуваат:

„Земјоделците едвај преживуваат. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака. Ниските откупни цени се далеку од рентабилни за земјоделците и не ги покриваат ниту основните трошоци за производство на земјоделските производи. Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа расипничка и криминална власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави.“

Коронавирус