петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 158
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Погрешните економски политики на двоецот Заев-Анѓушев излегуваат на површина

ВМРО-ДПМНЕ: Погрешните економски политики на двоецот Заев-Анѓушев излегуваат на површина

ПОГРЕШНИТЕ ЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ НА ДВОЕЦОТ ЗАЕВ-АНЃНУШЕВ ИЗЛЕГУВААТ НА ПОВРШИНА! КОНТИНУИРАН ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ И ПРОДУКТИВНОСТА ВО ИНДУСТРИЈАТА!

Наспроти владините тврдења дека нивните економски политики креираат нови работни места и тоа во приватниот сектор, податоците за трендот на вработените во индустријата го говорат спротивното. Имено, соглсно најновите податоци на Државниот завод за статистика бројот на работници во индустријата во септември 2019 година во однос на истиот месец лани се намалил за 1.6%, додека за периодот јануари – септември 2019 година во однос на истиот период минатата година се намалил за 1.3%.
Ова е потврда дека скапо платените активните мерки за вработување како една од клучните политики на оваа Влада се целосно погрешни и неодржливи.

Дополнително, сведоци сме на драстичен пад на продуктивноста во преработувачката индустрија во целиот период додека СДСМ е на власт што директно се рефлектира врз развојниот потенцијал на овој сектор и конкурентноста на целата економија.

Ова е исто така потврда дека економските политики на оваа Влада предводена од двоецот Заев-Анѓушев не придонесуваат за развој на индустријата како клучен столб на економијата, стои во Фејсбук статусот на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.