вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Пад на вработеноста во преработувачката индустрија

ВМРО-ДПМНЕ: Пад на вработеноста во преработувачката индустрија

Шемата за вештачко зголемување на бројот на работници во преработувачката индустрија преку популистички и неодржливи мерки и политики од стрна на Владата на СДСМ полека излегува на виделина!

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пад на бројот на работници во преработувачката индустрија во август 2019 година во однос на истиот месец лани за 1.6%, додека намалување за 1.3% во периодот јануари – август 2019 година во однос на истиот период лани.
Ова е огромен пад со оглед дека лани во периодот јануари – август 2018 година бројот на работници во преработувачката индустрија имаше стапка на раст од 8% споредено со истиот период во 2017 година.
Ова е нешто на што неколку пати предупредуваме во изминатиот период посочувајќи дека Владата на СДСМ се обидува преку добро смислена шема базирана на активни мерки на државата финансирани со буџетски пари да креира вештачки работни места во економијата.
Ефектите од ваквите квази неодржливи политики веќе ги гледаме во последните податоци од ДЗС каде се забележува континуирано намалување на бројот на работници во преработувачката индустрија во текот на цела 2019 година.

На Република Македонија и се потребни реални и одржливи политики за вистинско подобрување на економската состојба, а не популистички и краткорочни решенија кои имаат единствена цел да манипулираат со јавноста и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува новата економска програма базирана на нов развоен концепт кој ќе обезбеди економски просперитет за сите граѓани!