сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 85
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо покачување на пензиите, сега се случува намалување на стандардот на пензионерите

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо покачување на пензиите, сега се случува намалување на стандардот на пензионерите

Интегрален текст од прес-конференцијата на Слободанка Алексовска

 

Поминува речиси една година од власта на СДСМ и на виделина излегуваат лагите и манипулациите кои Зоран Заев им ги кажуваше на граѓаните во текот на кампањата.

СДСМ во кампањата ветуваше дека два пати годишно ќе се зголемуваат пензииите. Поточно во нивната програма се вели декадва пати годишно пензиите ќе ги зголемуваат согласно порастот на платите и трошоците, а на  крајот на годината Владата ќе носи одлука за вонредно зголемување на пензиите.

Заев или не пазари во дуќаните или не сака да ги види секојдневните поскапувања.

Изминува една година од Владата на СДСМ, ветувањата за пензиониерите не се реализирани. Покачувањето за пензионерите го нема.

Минатата година седнаа во владините фотељи на први јуни по што направија и ребаланс на Буџетот. Но, во ребалансот на Буџетот го заборавија ветувањето за вонредно зголемување на пензиите на крајот на годината. Уште едно ветување за пензионерите кое не е остварено.

Дополнително животниот стандард на пезионерите се намалува. Трошоците на живот и цените во малопродажбата во контиунитет се зголемуваат во изминатите месеци. Само војануари годинава споредено со јануари минатата година се зголемени за 1,1 процент, а цените на мало за 2,3 процента.

Ова значи дека со зголемувањето на трошоците граѓаните треба да издвојуваат повеќе пари за купување на истите производи кои биле дел од нивната основна потрошувачка кошничка.

Наместо покачување на пензиите, сега се случува намалување на нивниот стандарт, односно реално нивно осиромашување.

СДСМ има пари да вработува советници во владата и во министерствата со договори на дело во изминатиот период, а нема пари за да им ги зголеми примањаат на пензионерите.

Владата на Зоран Заев и СДСМ направија задолжувања по разни основи во висина од 1,5 милјарди евра од денот кога стапија во функција до денес, а не најде за сходно да започне реализација за ветување на пензионерите.

Ова само ја  покажува негрижата на владата предводена од Заев за пензионерите кои се меѓу најранливите категории. Со тоа што не ги исполнуваат ветувањата за пензионерите, владата само покажува дека не се грижи за граѓаните, туку само за своите теснопартиски интереси.