сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 101
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите

Македонската економија го допре дното откако СДСМ дојде на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мерката „Мој ДДВ“ е популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите. Мерката „Мој ДДВ“ не е наменета за сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев. Ако навистина оваа Влада се грижи за граѓаните на Република Македонија најмалку што можат да направат е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции. На граѓаните не им се потребни популистички мерки туку реални. А, со СДСМ граѓаните само осиромашуваат. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремени парламентарни избори ќе започне реализација на реални мерки кои ќе допридонесат за доброто на Македонија и граѓаните, порачуваат од партијата.

 

Коронавирус