вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Лоша состојба во преработувачката индустрија

ВМРО-ДПМНЕ: Лоша состојба во преработувачката индустрија

СЕ ВЛОШУВА СОСТОЈБАТА ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА! ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ ДОЖИВУВА ФИАСКО!

Според последните официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на индустриското производство во преработувачката индустрија за периодот јануари – август 2019 година изнесува 2.4%.
Ако го земеме во предвид фактот дека стапката на раст на индустриското производство во преработувачката индустрија во истиот период лани е 7.2% може да констатираме дека има значително забавување на економската активноста во овој сектор.
Дополнително, додадената вредност на преработувачката индустрија во вториот квартал годинава имаше негативна стапка од – 2.2% што само ја потврдува констатацијата за лошите перформанси на најважниот сектор во економијата.

Ова е само потврда дека економските политики на оваа Влада се неефикасни и дека планот за економски раст е тотално промашен! Гласи Фејсбук статусот на комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

#НеОчекуваЛошаЕкономскаГодина!