понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата e жртва на криминалот и корупцијата на власта- во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои живеат во сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата e жртва на криминалот и корупцијата на власта- во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои живеат во сиромаштија

Македонската економија е пред тотален колапс. Економијата во Република Македонија e жртва на криминалот и корупцијата на власта предводена од Заев. Во моментов во земјава има повеќе од 500.000 граѓани кои што живеат во сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не можат да си дозволат да отидат на годишен одмор, а повеќе од 80 проценти од нив размислуваат и бараат начин како да ја напуштат земјава. Нивото на реализација на капиталните инвестиции за првите 6 месеци е под 20 проценти, ова е доказ дека Владата на Заев не работи ништо, стои во партиската реакција и се додава:

„Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобро. Заслужуваат држава во која ќе имаа пристоен живот за нив и нивните најблиски, држава во која нема да бидат принудени да размислуваат како ќе го поминат месецот. На Македонија и е потребна промена, време е да се стави крај на криминалната транзиција и транзиционите политичари. Време е за успешна и економски силна Република Македонија“.