петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 164
home Економија

Власта призна дека Мицкоски бил во право, прогресивниот данок имал само негативни ефекти врз економијата

Власта призна дека Мицкоски бил во право, прогресивниот данок имал само негативни ефекти врз економијата

Владата го стави прогресивниот данок на личен доход во мирување од 36 месеци, односно до 1 јануари 2023 затоа што, како што рече министерката за финансии Нина Ангеловска, не бил постигнат посакуваниот ефект. Таа рече дека не станува за укинување, туку за одложување на овој тип на данок, се додека не се адаптира соодветна имплементација.

„Имаше бурни реакции кај граѓаните дека се направени без консултации, а компаниите реагираа на непредвидливоста. Имаше предочувања дека ќе има избегнувања на плаќање, со префрлања на фирмите во странски земји, бидејќи знаеме денеска колку е мобилен капиталот. Лично јас сметав дека не се создадени условите, бидејќи треба да внимаваме на тајмингот. Најпрво треба да бидеме уверени дека тоа е лесно за администрирање и сите да плаќаат данок“, вели Ангеловска.

Анализата на министерката покажала дека прогресивниот данок на личен доход ја намалило ненеднаквоста за само еден отсто, а за 50 проценти изгубени се приходи кои можеле да се соберат поради избегнување така што обврзниците се префрлале во друг систем или ги префрлиле приходите од автоски дела и закупнини на други лица.

За овие последици неодамна предупреди и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој потенцираше дека првиот чекор на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе биде враќање на рамниот данок.

Првото што ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, ќе го врати рамниот данок и ќе ја намали акцизата на горивата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на телевизија Алфа.

-По претседателските избори размислував и се консултирав со бизнис-заедницата, бизнисмени, претприемачи. Дојдов до заклучок дека рамниот данок беше одлично решение. И ние кажавме дека веднаш по формирањето на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ една од првите одлуки ќе биде враќање на рамниот данок, посочи Мицкоски.