вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Владата завчера се задолжи за 62 милиони евра, наредната недела се заборчува за нови 40

Владата завчера се задолжи за 62 милиони евра, наредната недела се заборчува за нови 40

Владата најави ново заборчување откако завчера се задолжи за 62 милиони евра односно се одржа аукција на државни хартии во вредност на која се продадоа обврзници во вредност од 3.800.000.000 денари.

На новата аукција закажана за наредната недела владата планира да се задолжи за нови 40 милиони евра, односно 2.500.000.000 денари.

Според експертите Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата но напротив континуирано ги зголемува велат економистите . На ова алармира и експертската јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 % од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална мера и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Вчера се огласија и од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ од каде потенцираат дека јавниот долг на Република Македонија достигна досега рекордни 5,3 милијарди евра.

– Заклучно со 30.06.2019 јавниот долг на Македонија е 326.337.608.392 денари, или околу 5,3 милијарди евра. Вчера, на 17.09.2019 Владата се задолжи за нови 3,8 милијарди денари или 61,7 милиони евра. Ситуацијата е алармантна, бидејќи перформансот на Буџетот е во лоша состојба, Владата не ги извршува своите задачи, не ги реализира проектите и премногу се посветува внимание на популизам. Целокупната сума на пари која ќе биде потрошена на капитални инвестиции во текот на 2019та година ќе биде околу 200 милиони евра, а во исто време предвидениот дефицит за 2019та година е околу 300 милиони евра, што значи дека долгот дополнително ќе се зголемува, а катастрофата е што тој долг се зголемува за други трошоци кои не носат бенефит за целиот приватен сектор и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.