сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 33
home Економија

Владата утре ќе ја задолжи државата за нови 49 милиони евра

Владата утре ќе ја задолжи државата за нови 49 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии за утре закажа нова аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 3 милијарди денари односно 49 милиони евра.

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира, тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 317,4 милиони евра.

Претходно, владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.