четврток, 4. март 2021. Вести денес: 7
home Економија

Владата токми ново задолжување од 24,3 милиони евра

Владата токми ново задолжување од 24,3 милиони евра

Во план е ново задолжување од 24,3 милиони евра закажано на 26.01.2020 година. Имено на страната на НБРМ има објавено аукција на државни обвврзници во вредност од 24,3 милиони евра.

Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата. Имено, и покрај сите предупредувања од експертската јавност дека задолжувања непропратени со иста динамика на вложување во капитални инвестиции може да резултира со лоша економска состојба и долг кој наредните генерации мора да го враќаат владата континуирно се задолжува.

Инаку владата минатата година издаде еврообврзица од 700 милиони евра што требаше да бидат искористени за помош на економијата заради Ковид пандемијата.

Дополниително владата минатата година изјави дека обезбедила заем од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и од Светска банка во износ од 140 милиони евра.

Она што е навистина алармантно според економистите е дека според последните информации Македонија должи над 6,5 милијарди евра, откако јавниот долг се искачи на 60,7 проценти од БДП највисоко до сега во историјата на државата. Загрижувачки е фактот што долгот одамна ја надмина психолошката граница и според некои аналитичари ова е многу лош знак за македонската економија за која повеќе од очигледно е дека и се заканува банкрот. Оваа бројка се очекува да расте и во 2021 година според информациите на сите реномирани финансиски институции.

Со критики за задолжувањата покрај експертската јавност излезе и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во ноември минатата година кој на својот Фб профил изјави дека Заев сите граѓани ги задолжил за огромни 2 милијарди евра додека нема ниту еден видлив проект кој е за подобар живот на граѓаните а со тоа доаѓа и прашањето на што се потроши таа огромна сума на пари.

-Почитувани граѓани, почитувани уметници и културни работници, почитувани стопанственици, сопственици на мали и средни бизниси, почитувани доктори и здравствени работниципочитувани работници, невработени, стечајци, почитувани земјоделци, почитувани професори, наставници, студенти, средношколци, почитувани синдикати, организации и здруженија, Владата на Заев сите нас нѐ задолжи 2 милијарди евра, можете ли да се сетите барем на еден видлив проект со кој животот станал подобар? – праша Мицкоски.

Инаку владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата и јавниот долг и дека ќе има поголема реализација на капиталните инвестиции но тоа не се случи.

Коронавирус