среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Економија

Владата сред кампања се задолжува за огромни 39 милиони евра

Владата сред кампања се задолжува за огромни 39 милиони евра

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 2.4 милијарди денари или скоро 39 милиони евра.

Ова е едно од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува сред претседателска кампања.

Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс. Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата, а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на Бруто домашниот производ.