вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Економија

Владата минатата недела се задолжи за 62 милиони евра, утре се заборчува за нови 40

Владата минатата недела се задолжи за 62 милиони евра, утре се заборчува за нови 40

Владата утре повторно ќе се заборчи откако минатата недела се задолжи за 62 милиони евра односно се одржа аукција на државни хартии во вредност на која се продадоа обврзници во вредност од 3.800.000.000 денари.

На новата аукција закажана за утре владата планира да се задолжи за нови 40 милиони евра, односно 2.500.000.000 денари.

Според експертите Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата но напротив континуирано ги зголемува велат економистите . На ова алармира и експертската јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 % од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална мера и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

Коронавирус