недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 43
home Економија

Владата ќе потроши 35.000 евра за рентање на лимузина

Владата ќе потроши 35.000 евра за рентање на лимузина

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија  и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на патничко моторно возило (лимузина седан) – оперативен лизинг.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија планира да потроши 2.1 милиони денари или околу 35 илјади евра, за изнајмување на возилото во период од три години.

Што е оперативен лизинг ?

Закупот е договор во кој Закуподавачот му дава возило на употреба на Закупецот, а Закупецот се обврзува дека за тоа ќе плаќа одреден надоместок (закупнина). Со договорот не се предвидува откуп и основната замисла е користење на предметот на закуп, а не сопственост над истото.

Оперативниот лизинг дава можност  Закупецот да го врати возилото по истек на договорот или да склучи нов договор за ново и помодерно возило.