понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Економија

Владата денес не задолжи за нови 39 милиони евра

Владата денес не задолжи за нови 39 милиони евра

Министерството за финансии денес одржа аукција на државни обврзници со кои државата се задолжи за нови 2,4 милијарди денари односно околу 39 милиони евра.

Ова е едно од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува сред претседателска кампања.

Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс. Капиталните инвестиции се од витално значење на економијата, а со нив тесно е поврзано и градежништвото кое е еден од носечките столбови во градењето на Бруто домашниот производ.