вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 44
home Економија

Владата денес ќе се задолжува за нови 29 милиони евра

Владата денес ќе се задолжува за нови 29 милиони евра

На официјалната страна на Министерството за финансии, за денес закажана е аукција на државни хартии од вредност во  вкупен износ од 1.780.000.000 или скоро 29 милиони евра.

Имено на страната на Министерството за финансии закажана е аукција на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 100.000.000 денари, 2 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 300.000.000 денари , 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 1.130.000.000 денари и 6 месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 250.000.000 денари.

Владата константно се задолжува. Само од доаѓањето на власт за неполна една година владата ги задолжи македонските граѓани над 1.5 милијарди евра бруто задолжувања додека нето задолжувањата се во износ од 566 милиони евра односно секое семејство за 1.200 илјади евра. Се поставува прашањето за што се искористени овие пари? Капитални инвестиции нема, нови патишта нема, нови училишта,нови градинки нема, нови субвенции за земјоделците нема, анализира Економски.

Имено, во јавноста излегоа информации дека реализираните капитални инвестиции во јануари 2018 година се 6 пати помалку од капиталните инвестиции реализирани во јануари 2017 година.Тоа се само 4 милиони евра за изградба на автопатишта, патишта, пруги, објекти во образованието, здравството и културата.

-Додека  сегашната влада кога беше во опозиција ветуваше дека нема да се задолжува од кога седна на владејачкото столче задолжувањата се константни . Според експертите позагрижувачки е фактот дека овие пари не се трошат за капитални инвестиции кои би значеле долгорочен раст и кои се единствен начин да се  оправдаат енормните задолжувања. Експертите изјавуваат дека развојот на една држава се темели на обемот на капиталните инвестиции. Задолжувањето како инструмент е оправдано само ако со него се финансираат капитални инвестиции кои во владеењето на оваа власт отсуствуваат, пренесува порталот.