вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Владата денес ќе се задолжи за нови 61,7 милиони евра

Владата денес ќе се задолжи за нови 61,7 милиони евра

Владата денес ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.

Според експертите Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата но напротив континуирано ги зголемува велат економистите . На ова алармира и експертската јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 % од БДП.

Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална мера и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.