четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 163
home Економија

Владата денес ќе не задолжи за нови 57 милиони евра

Владата денес ќе не задолжи за нови 57 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар.  Министерството за финансии за денеска  закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече 3,5 милијарди денари односно околу 57 милиони евра. Владата на почетокот на оваа година се задолжи со еврообврзница од половина милијарда евра за која само по основ на камати треба да се платат 96 милиони евра.

И покрај енормните задолжувања, реализацијата на државните инвестиции во Република Македонија целосно потфрли, согласно објавените податоци на Министерството за финансии. Продолжува рекордно ниското ниво на капитални инвестиции и покрај владините најави дека реализацијата ќе се забрза.

Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до јули  годинава се реализирани само 21,33 отсто од планираните капитални инвестиции за целата година. Ова е убедливо најмалку во последната деценија. За годинава беа планирани 392 милиони евра за капитални инвестиции.

Коронавирус