понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 58
home Економија

Утре Владата ќе се задолжува за нови 19, 4 милиони евра

Утре Владата ќе се задолжува за нови 19, 4 милиони евра

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 19,4 милиони евра.

Имено, Владата планира да се задолжува за огромни 19,4 милиони евра и она е второ но низата задолжувања овој месец додека е едно од многуте од почетокот на годината, пренесува Економски.мк.

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира утре тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра. Претходно владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за огромни 39 милиони евра додека сега за неполн месец повторно ново задолжување од 19, 4 милиони евра.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.