среда, 22. март 2023. Вести денес: 57
home Економија

Утре ново задолжување од речиси 24 милиони евра- Македонија за само 22 дена задолжена за 597 милиони евра

Утре ново задолжување од речиси 24 милиони евра- Македонија за само 22 дена задолжена за 597 милиони евра

На официјалната страна на Министерството за финасии е закажано ново задолжување од речиси 24 милиони евра по основ на државни хартии од вредност. Имено , на акуцијата се издаваат 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во вредност од 1.000.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во вредност од 475.000.000 денари или вкупно 23,9 милиони евра.

123

Владата на Република Македонија истиов месец се задолжи додатно по основ на државни хартии од вредност во износ од 73 милиони евра и издавање на еврообврзница која има вредност од пола милијарда евра. Вкупните задолжувања за само 22 дена од новата година изнесуваат скоро 597 милиони евра.

Новата влада на чело со СДСМ беше најголемиот критичар на задолжувањата пред да дојде на власт но откако дојде на власт се задолжува со енормно темпо. Загрижувачки е фактот дека со оваа еврообврзница не се предвидени нови капитални инвестици освен оние од предходната власт на ВМРО ДПМНЕ.Експертите се загрижени дека Македонија се задолжува со забрзувачко темпо а притоа парите не се вложуваат во проекти кои се од стратешко значење на државата и имаат долгорочен позитивен ефект на целокупната економија. Додатно, експетите и јавноста смета дека владата се однесува контрадикторно со изјавите кој ги даваше во време кога беше опозиција и сега кога е на власт. Имено, владата на СДСМ тогашна опозиција беше најголем критичар на задолжувањата сметајќи дека новите задолжувања ја носат земјата во банкрот.

Во време на ВМРО ДПМНЕ јавниот долг изнесуваше 40% од Бруто Домашниот Производ –БДП додека сега се проценува дека ќе надмине над 50% односно 52,4% од БДП во 2018 додека во 2019 фрапантни 55,9 % . Економистите велат дека ваквиот тип на задолжувања кои не резултираат со инвестиции и проекти во инфраструктурата се непотребни и алармантни бидејќи не го продуцираат долгорочниот ефект за кои се наменети.

loading...