понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 56
home Економија

УЈП со важна информација- Што се прави годинава со даночните пријави

УЈП со важна информација- Што се прави годинава со даночните пријави

Со новиот начин на доставување на Годишната даночна пријава на граѓаните им е овозможено да учествуваат во постапката за утврдување на персоналниот данок, во соработка со Управата за јавни приходи, велат од УЈП.

– Граѓанинот, доставената Годишна даночна пријава треба да ја провери, од аспект на точност на прикажаните податоци во корелација со примените годишни приходи од земјата и странство. Доколку истите се соодветни, односно одговараат на реално остварените приходи, граѓанинот може да ја потврди Годишната даночна пријава, но може и да не постапи по неа. Доколку не ја потврди Годишната даночна пријава, службено ќе биде потврдена, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи во 2019 година прв пат до граѓаните доставува претпополнети Годишни даночни пријави за 2018 година по електронски пат, како дел од реформата Поедноставување на процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход. Оваа реформа, како што и е насловена, има за цел да обезбеди поедноставни процедурите за пресметување и пријавување на персонален данок на доход, намалување на турканиците, заштеда на време, пари и ресурси, како и повисоко ниво на услуги кон граѓаните.