недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Економија

УЈП: Најстариот македонски милионер има 101 година, најмладиот само шест

УЈП: Најстариот македонски милионер има 101 година, најмладиот само шест

Битолчанец е најбогатиот граѓанин кој лани заработил 3,5 милиони евра.

Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од индустријата со метали – кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра.

Според Управата за јавни приходи, во споредба со 2018 та година има значително намалување на оставрените приходи по сите основи, а прво рангираниот, со овој доход, тогаш би бил 9 рангиран.

Највисокото лично примање по друг основ за привремено вршење услуги кон градежна компанија пријавило лице од Скопје, во вредност од 789 илјади евра. Највисока капитална добивка од речиси 1,5 милион евра е остварена од скопјанец од продажба на сопственички удел во странска компанија, додека највисоката дивиденда од 3,4 милиони евра е исплатена на битолчанец, сопственик на бизнис од градежништвото.

Најмладиот милионер има 6 години, додека највозрасниот 101 година.

Коронавирус