сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 1
home Економија

Туризмот колабира од мерките на Заев

Туризмот колабира од мерките на Заев

Додека премиерот Зоран Заев зборува за поддршка на домашниот туризам и ваучерите „дома си е дома“ фактите и статистиките говорат нешто друго. Во текот на вчерашниот ден премиерот Зоран Заев на својот профил на социјалните мрежи напиша дека продолжува со поддршка на туризмот во Македонија.

„Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети. Во 2021 продолжуваме со интензивна поддршка преку програмата за развој на туризмот во Северна Македонија во 2021 година. Предвидени се 31.000.000 денари, за повеќе мерки за промоција туристичката понуда на државата“, напиша Заев на својот профил.

Наспроти ваквите помпезно најавувани мерки од премиерот и Владата реалната состојба и статистиките во државата говорат нешто друго.
Во време на корона кризата економскота состојба во државата е на дното, економијата во рецесија, а државата го надмина дозволениот праг на задолжувања на земјата од над 60 проценти.

Колапс на туризмот и угостителството во 2020-та во Македонија.  Компаниите бараат специјални мерки за спас и задржување на вработените. Статистиката е немилосрдна. Покажува вкупно 414.824 туристи заклучно со октомври 2020 што е намалување за 60,8 проценти во споредба со истиот период лани или пад од 84,2 отсто на бројот странски туристи.

Мерките со ваучерите „Дома си е дома“ потфрлија, граѓаните не ги користеа односно имаа слаба реализација. Податоците покажуваа дека граѓаните имаа над 37.000 приговори за ваучерите за туризам, а ваучерите послужија и за поткуп во предизборието.

Во време на корона криза кога сите скијачки центри во регионот беа отворени во Македонија истиот тој период беа затворени. Изминатата 2020 година заврши со преку 70 проценти пад на прометот во туризмот и угостителството.
Бизнис-секторот постојано укажуваше дека поддршката од Владата е потребна не за да се заработи, туку исклучиво и единствено компаниите од секторот да не пропаднат, бидејќи тие и сега, во услови кога речиси и не работат и кога немаат деловна активност, држат дел од вработените, а еден дел остануваат без работа. На овој начин е доведена во прашање пазарната позиција на земјава како туристичка дестинација на меѓународниот пазар.

Досегашните четири пакет мерки на владата се покажаа како ненавремени, задоцнети и нефункционални. Дел од мерките компаниите и бизнис секторот не ги искористија и сосема потфрлија во нивната реализација делумно и поради начинот на аплицирање и роковите за истите.Невладините организации,Стопанската комора и бизнис секторот постојано упатуваат критики поради тоа што дел од мерките се задоцнети и нефункционални. Владата најави и петти пакет антикризни мерки за кој сеуште нема дебата во јавноста. Кои сектори истиот ќе ги опфати во колкав обсег дури и петтиот пакет мерки да следува за еден месец.
 

Коронавирус