четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 85
home Економија

Трајко Славески: Мерката на владата за повраток на ДДВ ќе значи загуба на средства од државната каса кои ќе завршат кај поимотните граѓани

Трајко Славески: Мерката на владата за повраток на ДДВ ќе значи загуба на средства од државната каса кои ќе завршат кај поимотните граѓани

Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Трајко Славески мерката на УЈП и владата за повраток на ДДВ-то ќе има многу мал ефект. Тој во радио емисија на Канал 77 ја коментираше акцијата за поврат на ДДВ и рече дека очекува оваа мерка да биде со краток рок на траење затоа што и промоторите, односно владата, ќе ја напуштат идејата за извесен временски период, од причина што мерката нема да ги даде очекуваните резултати.

– Ние овој поврат го имаме и досега со некои картички за “кеш-бек” кои ги имаат некои банки или други институции, дури и до еден процент од потрошувачката може да добиете назад, па и повеќе. Така да ќе се испостави дека она што функционира како кеш-бек има поголем ефект врз повраток на средства на сметка. Граѓаните не ги интересира дали е тоа повраток на ДДВ или е дел од цената. Затоа јас цврсто стојам на тоа дека оваа мерка ќе има многу мал ефект и ќе значи непотребна загуба на средства од државната каса, кои ќе завршат кај поимотните граѓани. Ние понудивме поинакво решение уште првите месеци кога беше спомната таа мерка, односно дека попрактично би било да се намали за некој процентен степен стапката на ДДВ отколку да се спроведе оваа мерка. Јас и како економист го кажав своето мислење уште кога СДСМ ја промовираше оваа мерка во својата изборна програма. Тогаш бев песимист, а мислам дека и сега во првите недели од примената на мерката тој песимизам се потврдува. Еве зошто. Очекуваниот резултат беше дека граѓаните наводно ќе се направат даночни инспектори, вели Славески и додава:

„Граѓаните очигледно не ја прифаќаат таа функција. Тоа е функција се разбира на надлежни органи и Управата за јавни приходи и нема тука никаква замена. Од она што можам да го видам во практиката секаде онаму каде што се издаваат фискални сметки и понатаму се издаваат а онаму каде што не се издаваа не се издаваат затоа што граѓаните немаат мотивација или не се охрабруваат или културата не е на тоа ниво да се на некој начин спротивставите на пример на водоинсталатерот дома или електричарот механичарот кој што го поправа вашиот автомобил да ви издаде фискална сметка. Сеуште ќе важи оној преќутен договор, ќутете си затоа што ако побарате фискална сметка или може да бидете погледнати попреку или да влезете во кавга или пај да ви кажат дека ако барате фискална сметка ќе треба да платите повисока сметка за услугата. Значи сивата економија во оние сектори кои што надлежните органи и УЈП досега не воспоставила ред за издавање на фискални сметки, што значи регистрација на данокот на додадена вредност и неговата уплата во дрѓавната каса и понатаму ќе продолжи.“

Според Славески, на дело е непотребна загуба на средства за државната каса кои ќе завршат кај поимашните граѓани. Оние кои што прават повисоки сметки. Дали во угостителските објекти, дали во маркетите итн.

Во врска со даноците во другите земји, Славески говореше за Tax return или повраток на данокот во Канада, кој според него ќе заживее и кај нас во иднина но, тоа се однесува на данокот на личен доход.

-Кога ќе се испостави дека во текот на годината сте платиле повеќе данок на доход, државата со поднесување на даночна пријава ќе ви врати дел од преплатениот данок. Тоа во никој случај не се однесува на данокот на потрошувачка кој што може да биде како што е кај нас ДДВ или данок на промет. Видете социјална димензија кај нас и во голем број други земји е данокот на потрошувачка има тоа што за основните животни продукти стапката на ДДВ-то е нула или како кај нас 5 проценти. Социјални мерки или социјална димензија се постигнува, на пример во Канада, наместо да се оданочуваат пониските слоеви кои што и онака немаат доволно средства да плаќаат даноци на доход, наместо некои мерки на социјална политика со кои би се зголемил нивниот доход во форма на поврат на данок или тоа се нарекува негативен данок им се надополнува семејниот доход. Но, ова е нешто сосема различно од мерката за која што зборуваме, вели Славески.