среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 48
home Економија

Тевдовски и Заев ја удавија државата во задолжувања – Утре ново задолжување од скоро 9 милиони евра

Тевдовски и Заев ја удавија државата во задолжувања – Утре ново задолжување од скоро 9 милиони евра

Министерството за финансии на својата официјална страна има објавено аукција на државни хартии од вредност за утре во износ од скоро 9 милиони евра или поточно 8,9 милиони евра, пишува порталот Економски.

Имено, закажана е аукција на 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 550.000.000 денари што претворено во евра изнесува 8,9 милиони евра.

Задолжувањата не престануваат иако оваа влада на чело со Зоран Заев пред изборите беше гласен критичар на задолжувањата. Според податоците државата е задолжена над  1,65 милијарди евра од почетокот на владеењето на оваа владејачка гарнитура и како што е  очигледно тој долг постојано се зголемува.

Спротивно на тоа експертите се големи критичари на ваквите задолжувања посебно заради фактот што до сега се нема отпочнато ниту еден поголем капитален проект додека старите проекти кои беа почнати од претходната влада едвај се завршуваат а поголемиот дел се во стагнација. Ваквата состојба каде се позајмуваат големи количини на пари а притоа  не се вложуваат во капитални проекти ги прави ваквите задолжувања скандалозни и неоправдани . Понатаму експертите коментираат дека со позајмените пари не се градат проекти кои се долгорочно исплатливи и ја оправдуваат постапката на задолжување и секако се од стратешка важност за земјата.

Додатно земјата забрзано го зголемува својот јавен и државен долг. Јавниот долг за првпат во историјата го надмина прагот од 5 милијарди евра, додека државниот надмина над 4 милијарди евра. Притоа ниту една поголема капитална инвестиција не е реализирана, како би се оправдале парите од задолжувањето.

Колку за потсетување, медиуите блиски до власт, кои исто така беа преполни со наслови против задолжувањето, во последната година од кога се тие на власт терминот задолжување случајно не фигурира во нивните наслови.

Прашање е каде се трошат парите на граѓаните кои треба да ги враќаат идните генерации ако со нив не е почнат ниту еден капитален проект.