недела, 20. септември 2020. Вести денес: 12
home Економија

Тетовци вo четврток ќе протестираат против поскапувањето на струјата

Тетовци вo четврток ќе протестираат против поскапувањето на струјата

Активисти од Тетово најавуваат протест поради зголемување на цената на електричната енергија. Организацијата на протестот оди преку социјалните мрежи, а закажан е за четврток во 19 часот на плоштадот во Тетово.

На 31 јули, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кажа дека електричната енергија за сите потрошувачи од идниот месец поскапува за 7,4 проценти.

„Водени од бројните реакции на граѓаните по неодамнешното покачување на цената на електричната енергија за покривање на загубите на производителите, но и од реакцијата на граѓаните за неправилни услуги на енергетските компании кон нив и мотивирани да се обезбеди решение за стариот проблем кој досега не бил доволно решен, со цел да се спречат насилни и радикални реакции и однесување на одредени групи на лути граѓани, ги повикиваме граѓаните на Тетово и околните места да ни се придружат на протестот“, соопшти иницијативниот одбор за протестот.

Коронавирус