понеделник, 18. март 2019. Вести денес: 108
home Економија

Светска Банка против Зоран Заев- растот на Македонија до 2021 во новиот извештај е проектиран на 3,3 % а не на 5 %

Светска Банка против Зоран Заев- растот на Македонија до 2021 во новиот извештај е проектиран на 3,3 % а не на 5 %

Излезе новиот извештај на Светска банка „Global Economic Perspectives“ или Глобални економски перспективи во кој се анализира економската состојба на глобално ниво по региони. Имено, во овој извештај е и Република Македонија во кој растот за 2019 година е проектиран на 2,9 % што според домашните експертите е низок и не е оној кој го ветуваше Владата од 3,2 % на почетокот на 2018 година. Понатаму, проекцијата на БДП на Република Македонија изнесува само 3,3 % до 2021 година и тоа во 2020 3,2 % додека во 2021 година 3,3 %.

Имено, Премиерот Зоран Заев и економистот тим на чело со вице премиерот Кочо Анѓушев ветуваа раст поголем од 5 % до крајот на нивниот мандат но Светска Банка ги поби нивните проекции.

Ова не е прв пат да светските институции и реномирани финансиски организации да ги намалуваат стапките на раст проектирани од Владата. Имено ММФ, Светска банка и Европската комисија на неколку наврати ја ревидираше стапката на економски раст од 3,2 на 2,8 за 2018 година . Последно Европската Комисија направи надолна корекција на растот на БДП од 3,2 на 2,2 %.

Голем дел од експертите и економистите коментираат дека Владата и економскиот тим комплетно потфрлија во делот на економијата и дека Македонија ги бележи најкатастрофалните резултати на овој план посебно ако се земе во предвид глобалната позитивна економска состојба која според многу познавачи Македонија не ја искористи.