понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 23
home Економија

Светска банка прогнозира раст на сиромаштијата во земјава, над 450 илјади луѓе ќе бидат на раб на егзистенција

Светска банка прогнозира раст на сиромаштијата во земјава, над 450 илјади луѓе ќе бидат на раб на егзистенција

Извештајот на Светска банка ни прогрозира дека нивото на сиромаштија ќе достигне 23% до крајот на 2020 година, што значи дека близу 450 илјади луѓе ќе бидат на работ на егзистенција во земјава. Прогнозите се дека земјава ќе достигне ниво на сиромаштија од 23% до крајот на 2020 година, што е 6% поголемо ниво од 2019 година.

Во публикацијата Светската банка анализира дека во 2019 година 17 % од македонските граѓани живееле во сиромаштија. Дополнително дека постои голем ризик останатиот дел од граѓаните да паднат во сиромаштија главно поради коронакризата. Слабото образование и ниската квалификувана работна сила и потценетиот човечки капитал кој со факторот на продуктивноста се на најниско ниво од цел Западен Балкан.

Светската банка анализира дека само 50 проценти на работоспособни македонци се вработени, како и тоа дека нискиот процент на новородени и иселувањето дополнително ја намалуваат работната сила. Тие го наведуваат и загадувањето на воздухот и животната средина кои се фактор за дополнително загрозување на животот на граѓаниве во земјава.

-Економијата се соочува со рецесија од 4.1 % во 2020 година, најголема рецесија до сега по кризата во 2001 година, се вели во извештајот.

Во отсуство на одговор од страна на Владата, комбинираниот ефект од ниските плати и недостатокот од пари во економијата, ќе ја крене сиромаштијата во Македонија на отприлика 23 % во 2020 година каде најголемиот дел од луѓето кои се сиромашни немаат никаков бенефит од постојните социјални пакети и мерки.

На структурната страна извештајот вели дека слабата политика на создавање конкурентност, проблемите во провосудството, намалената продуктивност на економијата и зголемувањето на иселувањето се најкритични за земјава.

Коронавирус