петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Економија

Светска банка ја потврди нулата што ни ја дадоа Германците

Светска банка ја потврди нулата што ни ја дадоа Германците

Од Светската банка, како да се согласија со германските инвеститори кои на Владата и дадоа оценка нула за посветеноста на економијата, па побараа итни реформи. Од друга страна пак во извештајот не се најде зголемувањето на бројот на административци, иако оваа тема до сега редовно ја анализираа. За нив сега е важно да се подобри услугата која службениците ја даваат на граѓаните, анализира АлсатМ.

„Придонесот на растот на вработеноста во јавниот сектор е значителен, и јавната администрација во Македонија може да се класифицира во споредба со други земји дека е на повисоко ниво од просекот во регионот. Треба да се подобрат услугите кон граѓаните и кон бизнисите“, изјави Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Македонија пак во однос на земјите од регионот бележи најниска продуктивност. Невработеноста се намалува, но половина од работоспособното население со години е неактивно, не бара работа, ниту посетува некаква обука, ниту пак се едуцира, стои во најновиот извештај на оваа финансиска институција.

За годинава Светска Банка прогнозира дека земјава ќе биде сместена на дното заедно со Црна Гора по остварениот раст на економијата од само 2,9 отсто. Во подобра позиција се сите останати земји од регионот и се очекува БиХ да има раст од 3,4 отсто, Србија од 3,5 отсто, Албанија од 3,8 и Косово со 4,4 отсто раст на БДП за 2019 та година.