недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Економија

Светска банка: Долгот на Македонија годинава ќе достигне 50 проценти

Светска банка: Долгот на Македонија годинава ќе достигне 50 проценти

Светска банка очекува дека јавниот долг во Република Македонија годинава ќе достигне до 50 проценти, беше соопштено денеска од Канцеларијата на оваа меѓународна финансиска институција во Скопје

Ова е оценката на Светска банка во редовниот економски извештај за Западен Балкан, што денеска беше презентиран во Канцеларијата во Скопје.

– Македонија забележа најголем напредок од шесте балкански земји од минатата година. До 2020 година се очекува постепен раст, меѓутоа чувствувителноста на претпоставките за нашиот изглед е забзување на процесот на пристапување во ЕУ и одржаниот момент на реформите, рече директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели, додајќи дека ќе ги следат состојбите и ќе ги земат предвид при следните проекции.

На краток рок, на Македонија и советуваат фокусирање врз стабилизирањето на јавниот долг, што годинава порасна на 49 проценти, што е можно доколку се спроведе одредено приспособување.

Светска банка препорачува структурна реформа фокусирана на креирање опкружување за продуктивен конкурнетен приватен сектор, а од друга страна инвестирање во човечки капитал.