петок, 30. септември 2022. Вести денес: 70
Во живо

„Промените се случуваат, секогаш со народот“: Мицкоски во посета на општина Јегуновце

home Економија

Стопанската комора на Македонија одбележува 96 години

Стопанската комора на Македонија одбележува 96 години

Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одбележи 96-годишнината од коморското дејствување во Македонија.

Таа е една од влијателните бизнис асоцијации во државата која има над 11.000 претставници на фирми – учесници на коморски настани, над 17.000 издадени документи, над 200 бизнис настани и над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 одржани прес-конференција на годишно ниво.

– Стопанската комора на Македонија во целокупното опстојување и работење заедно со своите респектирани и значајни компании-членки, ја изгради и ќе продолжи да ја гради позицијата на најголема, најуспешна, највлијателна и најпочитувана бизнис-асоцијација во државата. Денес, таа е препознатлива куќа на бизнисот, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот. Држењето настрана од политиката ќе продолжи да биде суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција, велат од Комората.

Оттаму истакнуваат дека и во иднина ќе бидат главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој успешно ќе ја дочекаат и 100-годишнината од коморското дејствување.

Коронавирус