среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Економија

Стојаноска: Буџетот за 2019 година не е ништо освен општа пљачка

Стојаноска: Буџетот за 2019 година не е ништо освен општа пљачка

Мегаломанскиот буџет за 2019 година изнесува 3,7 милијарди евра. Овој буџет е за 300 милиони евра поголем од претходниот , а за 700 милиони евра е поголем од последниот буџет кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ. Буџетот за 2019 година не е ништо освен општа пљачка, посочи Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стојаноска образложи дека оваа влада ќе собира повеќе пари од граѓаните и фирмите преку даноци и казни, а во меѓувреме истите ќе ги троши за сопствено луксузирање. Истата оваа сегашна влада пред да дојде на власт обвинуваше дека буџетите проектирани од ВМРО-ДПМНЕ се огромни и на товар на државата.

Сега ни го нуди најголемиот во историјата на Македонија. Ветуваа дека секој денар од буџетот ќе биде ставен на увид на граѓаните и дека ќе ги скратат непродуктивните трошоци. Сега кога тие ветувања требаше да ги реализираат пред нас е најголемиот буџет досега со најголемите ставки за непродуктивни трошоци, појасни Стојаноска.