петок, 24. мај 2019. Вести денес: 0
home Економија

„Стандард енд Пурс“: ББ- за Македонија, во ранг сме со Бангладеш, Гватемала и Виетнам

„Стандард енд Пурс“: ББ- за Македонија, во ранг сме со Бангладеш, Гватемала и Виетнам

генцијата „Стандард енд пурс“ (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг ББ- на Македонија, исто како и минатата година.

„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи.

Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

Покрај Македонија, со ББ- се оценети и Бангладеш, Боливија, Грузија, Гватемала, Хондурас и Виетнам.