понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 133
home Економија

ССМ ја избра Макпетрол за најдобра компанија неделава

ССМ ја избра Макпетрол за најдобра компанија неделава

Сојузот на синдикати на Македонија за оваа недела го избра Макпетрол за најдобра компанија која се грижи за вработените во пандемијата. Ова е примерот кој треба да се се следи, објави најголемата синдикална организација во државата.

Макептрол кој има над 1.800 вработени за време на кризата не отпушти ниту еден работник, ниту пак ја намали платата на своите работници. Сите родители на деца под 10 години и хронично болни се ослободени од работа со платено отсуство. Поради наведените причини, ССМ оцени дека Макпетрол во оваа недела е најдобра компанија која се грижи за своите вработени.

Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, компанијата апелира и инсистира на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбеди ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.

ЕУРО 2020

Македонија