петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Економија

Со ребалансот, буџетската дупка ќе достигне 750 милиони евра

Со ребалансот, буџетската дупка ќе достигне 750 милиони евра

Собранието стартува со дебатата за прекројување на државната каса. Расправата во комисијата ќе трае 10 дена, а потоа има уште пет дена простор на пленарна седница. Со ребалансот државата планира повеќе да троши, за што дополнително ќе се задолжи, но планира да собере и повеќе пари.

Владата ќе собере 100 милиони евра повеќе, а ќе потроши 300 милиони евра од првично планираното.

Со Ребалансот е предвидено буџетската дупка да се зголеми за дополнителни речиси 200 милиони евра и да достигне 750 милиони евра. Кусокот пари во државната каса ќе се покрива со задолжувања дома и во странство.

Коронавирус