петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 11
home Економија

Со несоодветните мерки владата на СДСМ го уништи пазарот, граѓаните ги остави на улица

Со несоодветните мерки владата на СДСМ го уништи пазарот, граѓаните ги остави на улица

Антикризниот пакет економски мерки за поддршка на стопанство од страна на владата не беа соодветно скроени и таргетирани. Економијата се повеќе тоне, а мерките за справување со економската криза која ја зафати државава и која е предизвикана од пандемијата со корона вирусот, не ги дава посакуваните резултати.

Цели стопански сектори како на пример туризмот, малите дуќанџии, занаетчиите, па и текстилната индустрија се силно погодени од кризата. Трпат огромни штети, имаат големи загуби при што мораат и да отпуштаат и работници.

Во Македонија хотелите поради пандемијата повеќе од четири месеци беа затворени, во јули откако се донесоа новите протоколи почнаа со работа, но со многу малку гости. Поради мали приходи и големи загуби, досега работните места се намалени за околу 30 отсто. И покрај тоа што државата додели помош за плати, хотелиерите велат дека ќе има уште отпуштања во секторот.

Имено вреди да се спомене дека власта доделила пмош за рестартирање на дејноста хотелиерство на непостоечки хотели. До овие информации дојде телевизија телевизика 21, но никој од надлежните не ги потврди оие информации, но упатените во секторот сепак велат дека во угостителскиот сектор постојат нерегуларности.

Голем број на дуќани во државава место нова роба и муштерии имаат катанци на врата. Со овој проблем се соочуваат скоро сите градови низ државата од продавниците во трговците центри до занаетчиите во чаршиите.

И текстилната индустрија трпи огромни загуби кои поради кризата се соочуваат со намалени или веќе одкажани нарачки. Ова доведува и до отпуштања на вработени. Пред некое време Ангел Димитов, од Асоцијацијата на работодавачи побара од владата итни и добро таргетирани мерки затоа што во спротивно секторот ќе мора да отпушти од работа околу 50 проценти од вкупниот број на вработени.

Дека мерките на Влада не се соодветно таргетирани ни покажува и податокот дека поради корона кризата, својата работа ја изгубиле над 40 илјади македонски граѓани.

Имено стопанственикот, Антони Пешев во емисија на Телевизија 24 истакна дека власта не ја искористи доволно шансата за правилна употреба на една милијарда евра колку што впрочем тежеа сет економски мерки за справување со економската криза.

И поранешниот министер за финансии, Никола Поповски во истата емисија истакна дека според податоците, оваа година е страшна во однос на БДП, за извозот и увозот и индустриското производство. Тој додава дека структирата на државната помош која ја скроила власта е сосема стротивна во споредба со помошта која што Европската унија ја дели на своето стопанство и нејзините граѓани.

-Трипати повеќе државна помош во споредба со Европската унија упатува на тоа дека кај нас пазарот е стиснат во ќош, затоа што државната помош е анти пазарна. Европската унија и Светска банка тоа го потенцира, кажува дека кај нас државната помош на хоризонтално ниво е само 16 % од државната помош, значи хоризонтална, по категории на граѓани, што е многу малку во споредба со европското искуство а секторската, на вертикално ниво и преголема, односно 40 посто од вкупната помош. во Европската унија е само 6% од државната помош а кај нас е 40%. Во овој момент, структурата на нашата помош е сосема различна од Европската инија и е спротивна на пазарните движења, рече Поповски.

Дека мерките не се добро скроени и не се соодветни таргетирани ни укажува и податокот дека од досега трите пакети антикризни мерки кои изнесуваа 550 милиони евра искористени се само 190 милиони евра.

На ова реагираше и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред некое време уште кога беше најавен четвортиот пакет антикризни мерки. Тој тогаш посочи дека од досегашните мерки реализирани се само делот со потрошувачките картички, за кои тој ги смета како предизборен поткуп.

Имено не треба да се заборави дека за време на првите пакети антикризни мерки, финансиски средства од државната помош користеа фирмите на премиерот Зоран Заев и на тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, иако нивните фирми се профитабилни компании кои можат да го издржат ударот од екомномската криза.

Коронавирус