петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Економија

Следната недела во собраниска процедура законот за финансиска поддршка на инвестиции

Следната недела во собраниска процедура законот за финансиска поддршка на инвестиции

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено законско решение за финансиска поддршка на инвестиции, со кое што ќе се овозможи директна поддршка како грант од 20 проценти за сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година.

-Наредната недела заедно со првиот вицепремиер и со сите други членови на Владата ќе го пратиме во Собрание новото законско решение за законот за финансиска поддршка на инвестиции, каде што дополнително согласно регионалниот рамномерен развој ќе бидат поддржани компаниите и полошкиот регион ќе добие дополнителни средства во однос на тоа што го добиваат развиените региони, и каде што сите компании што ќе инвестираат оваа и наредната година и среднорочно ќе добијат директна поддршка од 20 проценти како форма на грант, изјави Бектеши, по посетата на компании во гостиварскиот регион, корисници на мерки за поддршка од програмите на Министерството за економија.

Бектеши ја поздрави, како што рече, храброста на компаниите да инвестираат во услови на пандемијата.

Како што информираше, минатата година компании од гостиварскиот регион добиле 30 милиони евра како директна поддршка од Министерството за економија.

За наредниот месец најави две нови инвестиции во овој регион, едната во фабрика за производство на флаширана вода во Чегране, а другата во преработувачката индустрија со над 300 вработувања. (МИА)

Коронавирус