вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 68
home Економија

Следната година нè очекува поскапување на струјата – зошто уште никој не знае за колку ќе биде покачена цената на електричната енергија?

Следната година нè очекува поскапување на струјата – зошто уште никој не знае за колку ќе биде покачена цената на електричната енергија?

Следната година не очекува поскапување на струјата, но засега се уште никој не знае за колку ќе биде поскапувањето. Првиот човек на РКЕ, Марко Беслимовски тврди дека за да се справиме со енергетската криза потребно е и активирање на ТЕЦ Неготино.

– Најодговорно тврдам дека цената на електричната енергија нема да се зголеми за 50%, а никој во моментов не знае колку ќе се зголеми. Може да има притисок врз трошокот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите. МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат тендери и ќе видиме кои цени ќе се понудат. Ако цените се превисоки на располагање ни е концептот преку ЕСМ за набавка на јаглен или доколку има потреба да се вклучи ТЕЦ Неготино, истакна Бислимовски, претседател на РКЕ.

Крешник Бектеши министерот за економија пак уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

– Моменталната производна цена на електричната енергија на АД ЕСМ е 36 евра за мегават и ќе направиме напори тоа да остане така. Веќе се преземаат соодветни мерки од страна на раководството на ЕСМ да се зголеми производството во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј и убеден сум дека до крајот на годината речиси ќе се дуплираат капацитетите на ЕСМ во делот на производството од страна на термоелектраните… Граѓаните навреме ќе ги информираме, не очекуваме големи ценовни шокови, Бектеши.

Цените на струјата и нафтата на светските берзи продолжуваат да рушат рекорди. Европската комисија веќе излезе со сет мерки кои треба да ги преземат државите за да го ублажат ударот од вртоглавиот раст на цените на енергенсите. Во повеќе држави веќе се замрзнуваат цените на горивата, а за сметките за струја се делат ваучери за загрозените семејства.

Локални избори 2021