среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Економија

Славески: За жал капацитетот на оваа влада не може да го постигне потенцијалот на македонската економија

Славески: За жал капацитетот на оваа влада не може да го постигне потенцијалот на македонската економија

Професорот на Економскиот факултет Трајко Славески во гостување во емисијата “Во светот на бизнисот”, ги коментираше проекциите на Светска банка која алармира дека годинава македонската економија ќе биде најслаба во регионот со проекција на раст од 2,8 проценти.

За жал тоа е капацитетот на оваа влада да не може да го постигне потенцијалот на македонската економија кој се мери дека е околу 4 проценти раст. Потенцијалот се зголемува преку долгорочни инвестиции преку подобрување на образованието, здравствената заштита. Значи остануваме на истиот тренда како во минатите година-две. Минатата година со стапка од 2,7 проценти бевме на дното во земјите во Европа особено во споредна со земјите од поранешниот социјалистички блок кои имаат стапки како на пример Полска од 5,1 проценти, Унгарија 4,9 проценти, Словенија 4,5 проценти. Веројатно нивните проекции се во оваа насока и за оваа година, потенцираше Славески.

Капиталните инвестиции не страдаат поради претседателските избори. По закон се што е започнато продолжува да се реализира, но проблемот е што тое не започнале како патниот правец Скопје до границата со Косово. Тоа е навистина загрижувачко. Зборува за слаба организација во министерствата и агенциите кои учествуваат во реализацијата на проектите тоа не е така едноставна работа тој менаџмент сега отсуствува. Слабо планирање и буџетирање на проектите. Во универзитетскиот кампус двете згради кои се неопходни за факултетот за физичка култура и ФИНКИ кои што беа започнати од претходната власт веќе две години ништо не мрднува. Зошто не се завршат? Студентите работат со субстандардни услови, појаснува професорот Славески.

Парите собрани од даноците треба да се вратат во економијата, а не да стојат во буџетот, и да имаме катастрофална реализација на инвестициите. Имаме низок раст на БДП во 2018 година. Кај инвестициите имаме пад од 7,2 одсто. Во овој пад најмногу влече катастрофалната реализација на бруто инвестициите која беше само 50 посто од планираното. На историски најниско ниво, констатира професорот Трајко Славески.