среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 2
home Економија

Славески: Вниманието на оваа Влада е насочено на се освен на реформи во економијата

Славески: Вниманието на оваа Влада е насочено на се освен на реформи во економијата

Трајко Славески член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и универзитетски професор гостуваше во вечерашната емисија „Тренд Анализа“ на Телевизија 24 каде истакна дека оваа Влада се занимава со се освен со реформи во економијата.

Имено, тој појасни дека резултатите во економијата се катастрофални и дека Владата потфрли во спроведување на суштинските реформи во економијата кои на големо ги ветуваше пред да дојде на власт.

Славески потенцираше дека фокусот на Владата воопшто не е насочен на економијата и тоа го чувствуваат и граѓаните и стопанството.