понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 154
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Славески: Никако не може да се согласиме дека 2019 година е економска година како што велеше владата

Славески: Никако не може да се согласиме дека 2019 година е економска година како што велеше владата

На телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и универзитетски професор Трајко Славески кој кажа дека според економските параметри на државата повеќе од јасно е дека 2019 година не може никако да се нарече економска година.

Славески истакна дека за тоа зборуваат и падот на прометот на индустријата , очајно слабата реализација на капитални инвестиции заклучно со месец Август и другите негативни економски параметри со што Македонија не може да се надева дека ќе има добри економски резултати или онакви какви што ветуваше владата.