вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Економија

Слaвески: Нема основа оптимизмот дека проектираниот раст ќе биде остварен до крајот на годината

Слaвески: Нема основа оптимизмот дека проектираниот раст ќе биде остварен до крајот на годината

Нема основа оптимизмот дека проектираниот раст за годинава ќе се оствари. Професорот Трајко Славески за Сител анализира зошто 2018 почна толку лошо на економски план.

Откако лани економијата стагнираше, во првите три месеци одвај регистрираше раст од 0,1%.

Славески ги споредува овие броки со бројките од 2007 година, првата година година која од почеток до крај владееше ВМРО ДПМНЕ, исто како годинава СДСМ.

Таа година заврши со највисок раст во историјата од над 6% и тоа беше година кога навистина постоеше оптимизам кај деловните субјети. Таков оптимизим сега кај нив нема.

Застојот во изградбата на патиштата не е клучен за падот во градежништовото. Според Славески, ниската реализација на капитални проекти од само 7% од јануари до март е причина минусот.

Прогнозата за раст на економијата за 2018 е 3,2%. Владата смета таа таа може да се достигне.