вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home Економија

Славески: Фактите говорат дека е очајна реализацијата на капиталните инвестиции

Славески: Фактите говорат дека е очајна реализацијата на капиталните инвестиции

Фактите говорат дека е очајна реализацијата на капиталните инвестиции. Тука имате состојба во која што собирате даноци и други давачки средства, а нив не ги враќате во економијата на реален начин, вели професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во емисијата Утрински брифинг.

Славески посочи дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за укинување на прогресивниот данок а не негово одлагање на 36 месеци, и враќање на рамниот данок.

-Ние сме веднаш да се промени законот и да се укине прогресивниот данок, да се врати рамниот данок, а не само да се одложи и намалување на стапката на персоналниот доход и на данокот на добивка од 10 на 9 проценти, посочи тој.

Според него инвестирање на човечкиот капитал не е зголемување на платите на вработените од 400тини или 500тини денар, туку инвестирање во човечкиот капитал подразбира инвестиција во образованието, обуки на вработените од страна на домашни и странски компании, се со цел подобрување на состојбите на пазарот на трудот.

-Не е инвестирање во човечки капитал ако вие им зголемите плата на вработените од 400тини, 500тини или 1000 денари. Инвестирање во човечкиот капитал подразбира инвестиции во образованието, во подобрување на здравствената заштита, во подобрување на состојбите на пазарот на труд, обуки на вработените, односно компании без разлика дали се домашни или странски кои што ќе ги обучуваат вработените, ќе им даваат вештини кои што се современи итн. Значи тоа е инвестирање во човечки капитал, нагласи Славески.

Тој додаде дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ е во постојана комуникација со граѓаните се со цел да се направи програма која ќе значи решавање на проблемите и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните.

-Имаме одлични тимови кои што се во дослух со она што се случува во реалноста, го посетуваат теренот на граѓаните вклучително и на бизнисот и на работниците и секако ќе се најде одговор на нивните проблеми. Она што најмногу ги засега граѓаните според сите анкети се прашањата околу животниот стандард, платите, владеењето на правото, заштита на човековата околина, квалитетот на живеење, образованието, здравството итн, нагласи Славески.