сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Економија

Славески до Тевдовски: Проблем со прогресивно оданочување е тоа што се фокусирате на доходот, а не на богатсвото, губитник ќе биде македонската економија

Славески до Тевдовски: Проблем со прогресивно оданочување е тоа што се фокусирате на доходот, а не на богатсвото, губитник ќе биде македонската економија

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, во вчерашната емисија „Економски Магазин“, на АЛСАТ-М, до министерот за финансии, Драган Тевдовски, упати остри критики за најновото прогресивно оданочување кое планираат да го спроведат од први јануари.

Славески рече дека има друг проблем тука, овие податоци со кои оперира министерот се она само што е регистрирано. Со голо око се гледа, луѓето тоа го гледаат, имате газди кои што пријавуваат 20.000 денари плата, не можат ни кредит да земат, а возат џипови од над 100 илјади евра. Вие имате проиблем со тоа што се фокусирате на доходот, а не на богатсвото. Доход и богатство се сосема различни работи.

– Стопанските комори многу добро кажаа, а една од компаниите кажа дека 90% од моите вработени влегуваат сега во оваа група која што ќе бидат засегнати од ова. Тоа се професионалци кои што вложувале во своето образование, од својот труд живеат. Тое не се богати. И тие кажуваат, чекај, јас имам 1500 или две илјади долари плата затоа што работам дење ноќе на компјутер, носам очила не знам кој диоптер итн, и ако вие ме оданочите, ќе одам во Србија, ќе одам во Косово, ќе се регистрирам таму па нема да видите ни денар од мојата плата ни од мојот данок. Тоа тие го кажуваат. А од друга страна тие упатуваат на луѓе кои што имаат по десет станови, кои што возат џипови од 100 илјади евра, кои што имаат деловни простории, кои што пријавуваат плата од 15 или 20 илјади денари. Какво праведно општество, какво праведно оданочување е ова?, рече Трајко Славески.

Тој рече дека сето ова е демагогија се е ова магла. И верувајте рече Славески, светот знае една работа, на Соцјалдемократите во принцип, социологијата ова го има докажано, не им е многу гајле за сиромашните, тие ги презираат сиромашните. Ова е чисто идеолошки пристап како што гледате нема да има никакви добитници, а има губитници. А губитник ќе биде македонската економија.